Македонија
2. November 2016 - 23:21

Детали за страотната несреќа кај Зајас, меѓу загинатите и малолетно лице

Увидот на местото на страотната несреќа што се случи кај селото Зајас вечерва околу 19.30 часот се уште трае.

Трите жртви се уште не се идентификувани, но неофицијално, се возеле со возилото „форд“ кој директно удрил во трактор со приколка натоварена со дрва кој не била осветлен додека излегувал од селото кон магистралниот пат А2 Кичево –Скопје.

Во „фордот„ кој се движел од правец на Гостивар се превезувале 17-годишно момче, 19-годишно момче и лице на возраст од 45 години, и биле жители на соседното Колари.

Ударот со тракторот бил кобен за сите тројца, додека возачот на тракторот поминал со полесни повреди.

Повеќе детали за страотната сообраќајка ќе соопшти СВР Охрид во текот на утрешниот ден.