Македонија
13. April 2018 - 9:34

Детали за сообраќајката во Ново Лисиче во која загина моторциклист

Моторциклист загина утрово во сообраќајна несреќа  што се случи на крстосницата од бул. АВНОЈ и бул. „Србија“, во која учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици“.

Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила утрово околу 7 часот. Моторциклистот загинал на самото место

Во тек е увид на полицијата и на jавен обвинител. Поради сообраќајката сообраќајот се пренасочува.