Македонија
5. February 2021 - 21:56

Детали за сообраќајката во кумановско Бедиње, едно лице со тешки повреди пренесено на клиника

 

Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила денеска околу 17 часот на

улицата „11 Ноември“ во Куманово.

– Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово.