Македонија
23. November 2017 - 10:39

Детали за сообраќајката на автопатот Скопје-Велес, возачот задржан на КАРИЛ

Четириесет и седум годишниот О.С. од Скопје е лицето кое е тешко повредено во вчерашната несреќа која околу 10 часот се случи на автопатот Скопје-Велес во близина на тунелот Бадар.

Како што вчера објави Курир, возачот изгубил контрола над автомобилот по што излетал од патот во провалија. О.С. беше извлечен со хеликоптер и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на КАРИЛ.

Дел од медиумите вчера објавија дека возачот се наоѓа во стабилна состојба.

Телевизија 24, пак, објави дека повредениот возач е поранешниот прв човек на синдикатот во одбрана и заштита.