Македонија
20. January 2019 - 18:04

Детали за сообраќајката кај Куманово

Нема жртви ниту, повредени  во сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.
 
Несреќата се случила кај местото викано Просеченик, во атарот на селото Псача, општина Ранковце.
 
-До незгодата дошло во петнаесет часот и четириесет минути кога патничко моторно возило марка Ландровер, кое се движело од Крива Паланка кон Куманово при разминување се судрило со товарно моторно возило марка Мерцедес.
 
-За среќа, нема жртви, ниту повредени, само е причинета значителна материјална штета, изјави Чавдаревиќ.
 
Поради незгодата сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива беше во прекин во периодот од петнаесет часот и четириесет минути до шеснаесет часот и педесет минути