Македонија
2. January 2018 - 9:20

Детали за сообраќајката кај клучката Хиподром - има повредени

Во сообраќајната несреќа што утрово се случи пред клучката Хиподром, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје. 

Од МВР за МИА изјавија дека се уште се врши увид на местото на несреќата и оти информациите со кои засега располагаат укажуваат дека има повредено едно женско лице.  

Сообраќајката се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички. 

Сообраќајката во полиција е пријавена во 7:40 часот.

На местото се уште се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента. Има поставено и соодветна сигнализација.