Македонија
13. July 2021 - 16:13

Детали за сообраќајката кај „Југодрво“: Велосипедист починал откако го удрил 20-годишник со „опел корса“

Денес во 10.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од с.Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.