Живот
16. March 2017 - 12:26

Детали за пукањето во ресторанот: Куршуми летаа на сите страни, момче застрелано во глава

Харис Годињак (29) од Сараево е тешко повреден во пукање и лекарите се борат за неговиот живот.

Тој е застрелан во глава пред очите на гостите од ресторанот „Твинс“ во сараевската населба Мојмило. Годињак со тешки повреди опасни по живот е префрлен во Клиничкиот центар во Сараево, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Осомничениот за пукањето е уапсен и идентификуван како Фахро Кахриман Цова (23) од Сараево. Се наведува дека Годињак подолго време го малтретирал Кахриман, а наводно се судриле поради работењето со дрога. Според некои информации, во нападот учестувувале 3 лица. Неофицијално, напаѓачот сам се предал.

Според изјавите на сведоците Годиљак во кафулето бил со пријателите. Во објектот се наоѓале и неколку ракометари од еден сараевски клуб и планирале да гледаат натпрвар од Лигата на шампионите.

-На вратата се појавил напаѓачот кој го повикал Годињак да излезе надвор, за да расчистат некои работи. Рзмениле неколку зборови и веднаш потоа почнало пукањето. Годињак паднал, а гостите не знаеле каде да побегнат. Напаѓачот веднаш побегнал, раскажа еден од очевидците.

Според другата верзија, напаѓачот веднаш почнал да пука и најмалку еден куршум го погодил несреќното момче. Од очевидците се дознава дека набрзо се појавил и таткото на Гоињак, кој кога сфатил дека синот му е тешко ранет врескал и пцуел.

foto printscreen avaz.ba/S. Saletović

Напаѓачот испукл повеќе куршуми и настанал општ метеж во локалот. Стаклото од влезната врата пукнало, а се гледаат дупки од куршуми. Гостите  брзо се разбегале поради пукањето, а некои лежеле на подот.

До доцна во ноќта истражителите барале чаури и други детали за натамошната истрага. Мотивот за нападот не е познат.

Харид Годињак инаку и претходно и е познат на полицијата. Пред четири години во истата населба учествувал во пукање во кое е потешко ранет тогаш 38-годишниот Јасенко Јахиќ. Тој е уапсен во 2011 година, кога е осомничен дека со нож му нанел тешки повреди на Алдин Смајкан.