Македонија
24. January 2019 - 14:06

Детали за престрелката во скопско Маџари

Едно лице е повредено и се наоѓа надвор од животна опасност а уште едно лице е приведено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари.

Според неофицијални полициски извори, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки. 

Според неофицијалните информации, престрелката продолжила и по околните улици а неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи. 

Повредениот според нашите информации се наоѓа во стабилна состојба во една од скопските болници, а едно лице, чиј идентитет се уште е непознат е приведено.

Од МВР само потврдуваат дека се случил ваков инцидент но велат дека се уште не можат да изнесуваат детали бидејќи истрагата е во тек.