Македонија
21. August 2019 - 8:50

Детали за несреќата кај зградата на ФФМ, загина работник на самото место

 Педесет и шестгодишен работник паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место, соопшти МВР.

– Во 16:06 часот пријавено е дека на булевар „АСНОМ“ В. П. (1963) од Скопје, вработен во фирма, паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место. Упатени кон местото на настанот полициски службеници како и Државен трудов инспектор, се првичните информации од МВР.