Македонија
22. December 2017 - 22:57

Детали за несреќата кај Континентал - едно лице итно пренесено во болница

 
Едно повредено лице е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ по сообраќајна несреќа која се случила на булеварот „Александар Македонски“, информираат од МВР за Курир.

Според првичните информации со кои располага полицијата, автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки, се превртел на кров по удар, најверојатно во банкината.

Повеќе детали не се познати.