Македонија
26. November 2017 - 13:14

Детали за несреќата: Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на патот Струмица - Просениково

П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „Волксфаген Шаран“, синоќа, на локалниот пат Струмица - село Просениково, изгубил контрола поради неприлагодена брзина и удрил во бетонски столб, а потоа и во метална врата од дворот на поранешниот објект на Македонската радио дифузија.

Според МВР, незгодата се случила околу 20 часот, а од повредите што ги стекнал, еден од сопатниците починал.

П.А. и сопатникот Р.А. се повредени, додека М.М. (35) од Струмица, им подлегнал на повредите на пат за Медицинскиот центар Струмица починал.

П.А. и Р.А. се пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.