-->
-->
Детали за македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг - полицијата останала шокирана од неговата изјава
-->
Македонскиот државјанин Џемаил М. (36) кој во понеделникот ја уби својата сопруга Земира К. (32)пред супермаркетот во Тулин го призна злосторството.
Тој без трошка каење им раскажал на инспекторите:
- Да, јас ја убив, тоа и го сакав.
Според тамошните пишувања, нивниот брак бил во криза многу одамна. Земира била постојано малтретирана и злоставувана од нејзиниот маж, го напуштила Џемаил и со своите синови на возраст од 6 и 10 години заминала во безбедна куќа.
Неодамна судот поради семејното насилството на Џемаил му било забрането да им се доближува на синовите.
Инаку, Џемаил работел како молер, но омразата и бесот поради повредата на „машката чест“, тој во понеделникот со неколку убоди од нож ја уби сопругата среде бел ден и пред очите на многубројни минувачи.
Несреќната жена, која во ниту еден момент не насетувала дека ќе и се случи такво нешто отишла да купи храна за децата, а потоа требала да оди во училиште по нив. Но Џемаил ја пресретнал во заседа и со два убода во вратот ја усмртил на лице место.
Неговиот брат во Македонија и целото негово семејство се очајни поради злосторството кое го извршил.
- Не сакаме да го видиме. Беше зависен од коцкање, а имаше и погрешни пријатели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата