Свет
23. January 2019 - 13:08

Детали за македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг - полицијата останала шокирана од неговата изјава

Македонскиот државјанин Џемаил М. (36) кој во понеделникот ја уби својата сопруга  Земира К. (32)пред супермаркетот во Тулин го призна злосторството.
 
Тој   без трошка каење им раскажал на инспекторите: 
 
- Да, јас  ја убив, тоа и го сакав. 
 
Според тамошните пишувања, нивниот брак бил  во криза многу одамна.  Земира била постојано малтретирана и злоставувана од нејзиниот маж, го напуштила Џемаил и со своите синови на возраст од 6 и 10 години заминала во безбедна куќа.
 
Неодамна судот поради  семејното насилството на Џемаил му било забрането да им се доближува на синовите. 
 
Инаку, Џемаил работел како молер, но омразата и бесот поради повредата на „машката чест“, тој во понеделникот со неколку убоди од нож ја уби сопругата среде бел ден и пред очите на многубројни минувачи. 
 
Несреќната жена, која во  ниту  еден момент не насетувала дека ќе и се случи такво нешто отишла да купи храна за децата, а потоа требала да оди во училиште по нив. Но Џемаил ја пресретнал во заседа и со два убода во вратот ја усмртил на лице место. 
 
Неговиот брат во Македонија и целото негово семејство се очајни поради злосторството кое го извршил. 
 
- Не сакаме да го видиме. Беше зависен од коцкање, а имаше и погрешни пријатели.