Македонија
2. February 2018 - 10:42

Детали за крвавата тепачка меѓу малолетници во Ченто, полицијата приведе 20 лица

Синоќа околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници.

Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот.

Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од с.Стајковци, скопско.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.