Македонија
14. April 2017 - 13:14

Детали за грозоморното убиство во Прилеп: Внукот ја давел па со боксирач ја дотепал бабата

Вчера околу 23.00 часот во Прилеп на ул.„Борка Медаро“, во куќата на К.М. (79), нејзиниот внук М.М. (30) влегол во нејзината спална соба и со перница се обидел да ја задуши.
 
Истата се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе. Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што истата починала.
 
По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во ПС Прилеп. Смрт е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.
 
М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.