Македонија
9. April 2019 - 9:08

Детали за автомобилот кој се запали во движење кај Струмица

Вчера околу 19.30 часот се запали автомобил марка „пежо“ во движење на стариот пат Струмица-село Добрејци, информираат од ТППЕ Струмица.

Загинати и повредени нема, а причинета е поголема материјална штета.

Пожарот на автомобилот е угаснат по интервенција на струмичките пожарникари.