Македонија
14. April 2018 - 13:02

Детали: Пукање во скопски Чаир, ранета 26-годишна девојка

 Спроед инофромациите на МВР, вчера а во 14.38 часот во Единицата за информирање и команда -Скопје, пријавено е дека во маркет на ул.„Кемал Сејфула“ е пукано со огнено оружје кон вработената Г.А. (26)  од страна на лицето Ш.А. , по што истиот се дал во бегство. Повредената со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар  каде и е констатирана прострелна рана во десната нога. На лице место пронајдено е едно зрно од проектил. Увид извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.