-->
-->
ДЕТАЛИ: Обид за убиство во Охрид
-->
СВР Охрид доцна синоќа го приведе и од слобода го лиши Н.Т. (52) од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „убиство во обид“.
-Н.Т. е приведен по кратко време откако во 23 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид беше добиено телефонско известување за случено пукање од огнено оружје во сендвичара „Пинк Пантер“ на улицата ,,Македонски Просветители“ Охрид. Тука пристигнал сега приведениот и забележувајќи го А.И. (33) од Охрид, настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо преминала во жестока тепачка. Во еден момент, сега приведениот Н.Т. од предниот дел од појасот извадил огнено оружје за кое не поседува дозвола, го вперил кон А.И. и испукал еден проектил, информираат од СВР Охрид.
Испукувањето се случило кога А.И. сакал да се отргне од Н.Т. и го фатил за рацете со цел да го оттурне од себе. Во тој момент се случило испукување на уште неколку проектили по што А.И. се здобил со тешки телесни повреди во пределот на нозете.
Лицето А.И. е пренесено во ЈЗУ Општа Болница Охрид и по укажаната лекарска помош е префрлено во специјална болница СВ Еразмо Охрид за понатамошно лекување.
По консултација со Јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот, СВР Охрид против Н.Т. ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Неофицијално, лицето кое пукало е познат криминалец, а причината е тоа што од сега ранетиот не добил доволен број на гласачи во Охрид, па револтиран од поразот го застрелал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка