Балкан
8. January 2016 - 12:20

Детали: Хрватски војник ги заклал сопругата и петгодишната ќерка па се фрли од прозорец

Маж на возраст од 50 години кој работел во хрватската војска утрово околу 7.30 часот ги убил сопругата (30) и 5-годишната ќеркичка , во станот, а потоа извршил самоубиство со скок од терасата на 4 чат во Загреб.

Полицијата во станот ги пронајде безживотните тела на неговат сопруга и детето, а уште една постара жена е тешко повредена.

85-годишната жена била мајка на сопругата.

Мажот кој извршил самоубситво се уште бил жив кога паднал, но починал во возилото на брзата помош.

Соседите велат дека се викал Жељко и страдал од пострауматски воен синдром. Велат дека бил мирен, тивок и повлечен.

Полицајците кои дошле на местото на трагедијата, затекнале грозоморна сцена - во станот лежеле мртви луѓето и имало многу крв.

Ова бил негов втор брак, а на полицијата и порано и бил познат поради насилството над поранешната сопруга.

Увидот се уште трае. На местото се присутни екипи и на воената полиција на хрватската војска.