Македонија
25. September 2015 - 17:39

Детали: Едно лице повредено во сообраќајка кај тунелот Катланово

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која денеска околу 13:50 часот се случила на автопатот Велес-Скопје, кај тунелот Катланово. Во сообраќајна несреќа учествувале две товарни возила и еден патнички автомобил.

Како што информираат од СВР Велес едно лице е повредено и однесено со Брза помош на Скопските клиники.

- Сообраќајот се уште е во прекин и за кратко се очекува да се нормализира, изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.