Македонија
28. August 2017 - 21:22

ДЕТАЛИ: Четири лица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Велес-Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи попладнево на автопатот Велес-Скопје кај клучката за Штип, се најновите детали.
 
Од МВР  претходно изјавија дека Рено со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16:15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип.
 
Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош. Засега нема подетални информации за карактерот на повредите.
 
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.