Македонија
7. October 2015 - 20:43

Деструктивниот однос на СДСМ ќе резултира со суспендирање на правото на глас од дијаспората

СДСМ  целосно застанале против гласањето на дијаспората барајќи еден пратеник од  таму да биде избран со минимум 90% од гласовите на пратеникот во Македонија, што е пратктично невозможна излезност. Во исто време, преговарачите на СДСМ, не прифатиле да се отворат повеќе избирачки места за иселениците кои сега имаат само 2 во Австралија и 5 во Америка, дознава Сител од извор од преговорите.

“Ваквата непопопусливост на СДСМ ќе доведе до прифаќање на предлогот на ДУИ и ДПА кои бараат целосно суспендирање на гласачите од дијаспората.“, вели нашиот извор.

Од друга страна, преговарачкиот тим ВМРО-ДПМНЕ настапува максимално конструктивно, затоа што се убедени во подршката на граѓаните и во победата на априлските избори.

Изворот брифира дека сите вклучени во преговарачкиот процес јасно забележале дека преговарачите на СДСМ со невозможни предлози и барање се трудат да ги пропат проговорите и така да ги избегнат изборите за кои и самите знаат дека ќе ги изгубат.

Во таа насока одат и лажните брифинси на СДСМ до нивните медиуми, вели изворот, кој додава дека таму се пишуваат работи кои немаат никаква врска со реалната состојба. ВМРО-ДПМНЕ е конструктивен затоа што знае дека ќе победи, СДСМ е деструктивен затоа што се свесни за поразот и сакаат да избегаат од избори.