Деспотовски: За еден дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната
Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
-Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците на гас во рамки на зоните, во кој секако има зголемување на цените, меѓутоа позитивен елемент е што еден дел од количините се обезбедуваат по цена која што е доста пониска од пазарната, а одреден дел од количините се обезбедуваат по реална пазарна цена, рече Деспотовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Она што во моментот е наша заложба, додаде, е да обезбедиме што е можно поголеми количини, бидејќи според она како што бевме информирани од страна на добавувачот на гас се доста ограничени.
-Потребите на нашите корисници растат, бидејќи имаме нови корисници, нови капацитети и наша примарна цел во овој период е да обезбедиме поголеми количини. За одредена количина на гас, значи за одреден капацитет на користење имаме доста поволни цени за гасот, а за одредена количина одиме по реалните пазарни цени коишто се случуваат во моментот,појасни Деспотовски.
За делот на електричната енергија посочи дека компаниите сами склучуваат договори за разлика од гасот за кого како специфичен енергенс е надлежна Дирекцијата. Посочи дека досега нема забелешки од компаниите во зоната за цената на гасот или на електричната енергија, бидејќи, како што рече, станува збор за етаблирани меѓународни компании.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка