Македонија
11. May 2019 - 16:32

Десковска ќе посредува меѓу Филипче и Адеми за уписот на невакцинираните првачиња

Министерката Дескоска ќе им помага на министрите за здравство Филипче и за образование Адеми за да најдат решени што да прават со невакцинираните првачиња.

Викендов ќе остварат средба, а во понеделник ќе излезат со конкретен став. Сепак министерот Филипче не попушта. Смета дека  без примени вакцини децата не треба да се запишуваат во училиште.

Вчера пак министерот Адеми рече дека образованието е задолжително и децата мора да се запишуваат, но призна дека имало закриженост кај родителите поради конктрадикторноста на двата закони.

Во меѓувреме според министерот за здравство двајца пациенти со морбили се во критина состојба на клиниката за инфективни болести, а секојдневно се регистрирата по 10 тина новозаразени со мали сипиници.

Од почетокот на  годинава во земјава од морбили заболеле над 1.400 лица, а 4 деца починаа поради компликации од вирусот.