Македонија
28. February 2019 - 12:51

Дескоска задоволна од работата на Советот за реформи во судството

 

Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот систем зад себе остави успешна година, бидејќи не само што ја следеше имплементацијата на Статегијата за реформи во правосудството од формален аспект, за тоа колку напредуваме и што сме завршиле, даваше и еден вид квалитативна оценка на чекорите што се преземаат.

Ова го истална министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството.

-Можам со задоволство да кажам дека Советот за реформи во судството длабински  ги дебатираше законите што се во постапка. Ги слушнавме сите насоки што доаѓаат, сите изворни проблеми со кои се соочувааат судиите и обвинителите во пракса, рече Дескоска и додаде дека извештајот за работата е пратен и во Европската Унија, со цел да се согледа напредокот во реформите во судството.