Дескоска во Советот на Европа: Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ
Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со Европската Унија. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството, истакна министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето во Советот на Европа во Стразбур, во пресрет на одлуката за отпочнување на преговори со Република Северна Македонија.
Дескоска, како што соопшти Министерството за правда, се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа која се одржува во организација на француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, а Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера“.
-Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите, потенцираше Дескоска.
Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудио снимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција