Македонија
19. December 2017 - 16:33

Дескоска уверува дека новиот Закон за високо образование ќе го подобри квалитетот на студирањето

Сите засегнати кои имаат сугестии и предлози за нацрт законот за високо образование можат да ги соопштат на мејлот на министерството,а после нова година ќе има тркалезни маси каде ќе се слушнат мислења на експерти, па потоа ќе заврши во собрание.

Министерката Рената Дескоска уверува дека целта на новиот закон е да се подобри квалитетот на студирањето и условите на наставниот кадар.

-Ќе биде закон за враќање на автономијата на универзитетот и подобрување на квалитетот, изјави Рената Дескоска.

За лошите услови во некои училишта и затоплувањето со дрва, министерката посочи дека со буџетот кој им е на располагање ќе направат приоритет каде е најнеопходно да се подобри инфраструктурата, а каде греењето.