-->
-->
Дескоска: Предложивме вработените од СЈО да бидат префрлени во републичкото ЈО
-->
Министерката за правда Рената Дескоска во изјава за МИА вели дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинителство предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство.
- Во текот на разговорите за законот за Јавното обвинителство водиме грижа за сите лица вработени во Специјалното јавно обвинителство и разговараме за нивниот статус. Нашиот предлог беше дека тие лица треба да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство, а јавниот обвинител да може натаму да ги распредели согласно потребите и систематизацијата на Јавното обвинителство, вели министерката Дескоска во врска со писмото со барања испратено од техничкиот персонал на СЈО до амбасадорите и до државниот врв.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани