Дескоска: Остануваат клучните разлики за законот за јавното обвинителство
Остануваат клучните разлики меѓу власта и опозицијата за законот за јавното обвинителство со кој треба се реши идниот статус на СЈО, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.
– Тоа се разликите што се однесуваат пред се на продолжувањето на започнатите постапки од СЈО, користењето на доказите што се прибрани во тие судски постапки и во крајна линија завршувањето на постапките со цел да се добие правдата во оваа земја, рече Дескоска одговорајќи на новинарски прашања по денешната Европска конференција за медијација што се одржува во Скопје.
Таа кажа дека и во последните материјали што ги доставила работната група на ВМРО-ДПМНЕ не се содржани прифатливи решенија.
– Немаше нешто што можеше во делот на ова отворено прашање да биде заедничко решение. Во тој дел тоа што беше пратено не соодвејствуваше за решение кое би можело да биде ставено во закон, изјави Дескоска.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите