Македонија
3. July 2018 - 16:29

Дескоска: Нов модел на Антикорупциска комисија од есен

Поголеми ингеренции ќе добие новиот состав на Антикорупциската комисија но не е познато дали и кој ќе ја контролира нејзината работа.. Министерката за правда, смета дека измените во законот за спречување на корупција ќе овозможат тоа да биде експертска комисија ослободена од политички влијаниа.. Според Дескоска, на овој начин Антикорупциска ќе има капацитет одговорно да ја врши својата функција..

„Целта е да се создадат механизми, практично што ќе и даде можност антикорупциската комисија да биде експертско тело на луѓе со интегритет кој што ќе можат да ја вршат својата функција и секако законски основи кои што ќе дадат засилени ингеренции во вршење на своите овластувања“, изјави Рената Дескоска, Министер за правда.

Според експертите, борбата со корупцијата зависи од работата на правосудните органи.. Пензионираниот врховен судија Милка Ристовска вели дека судиите и јавните обвинители при донесување одлуки се подложни на притисоци од извршната власт.. Според неа, тој профил на кадри треба да е свесен дека се трета власт и никакви притисоици не можат да им ги сменат одлуките..

„Тие се и помоќна власт бидејќи судија може да укине, поништи одлука и на извршната власт, а Уставниот суд пак поништува закони што ги донесува законодавната власт. А правосилна судска одлука не може никој да ја преиспита, односно ниту Владата ниту пак парламентот, освен суд во законски предвидена постапка“, вели Милка Ристовска, пензиониран врховен судија..

Борбата со корупцијата беше тема на денешната трибина организирана од Националната конвенција за Европска унија, проблем за кој учесниците сметаат дека е главна пречка за европска перспектива на земјата.