Дескоска најавува реформи за подобар стандард за наставниците | Сител Телевизија
Македонија
15. May 2018 - 16:38

Дескоска најавува реформи за подобар стандард за наставниците

За една недела регистрирани два случаи во кои наставници физички нападнале ученици. Во Бутел просветен работник со стап тепал 13-годишник, а во Желино тинејџер си го скршил забот откако по шлаканицата од наставникот удрил во клупа. Според министерката за образование ова е сериозен проблем и треба да се работи на превенција.

-Секако дека потребно е повеќе да се работи за да не се повторуваат вакви случаи, изјави Рената Дескоска, министер за образование и наука.

Дескоска најави решавање на статусот на наставниците кои се ангажирани со договор на определено време.

-Оние кои можат да остварат полно или пола работно време, како што стои во законите за основно и средно образование, да може да се вработат на неопределено време, изјави министерката Дескоска 

Ресорната министерка најави и повисоки плати за наставниците од септември и да имаат слободни денови за време на зимскиот распуст.