Македонија
21. May 2018 - 16:31

Дескоска: Кој и да е министер за образование ќе продолжи да ги спроведува зацртаните реформи

Утврдување на правците во образованието, за поттикнување и овозможување личен развој на поединците, со цел напредно општество. Ова е главната визија на новата национална Стратегија за образованието 2018-2025 година и нејзиниот акциски план. Во документот, промовиран денеска, се лоцирани клучните предизвици на македонскиот образовен систем, почнувајќи од градинките, училиштата, па се до универзитетите. Како еден од темелите на оваа стратегија беше посочено предучилишното образование, во насока на подобрување на ефективноста  и праведноста на образовниот систем.

Процесот на подготовката на Стратегијата беше во целост финансиран и поддржан од Европската Унија. Документот опфаќа шест главни столбови на образовниот систем. Предучилишното образование, основното и средното образование, стручното образование и обука, високото образование и истражување, и учењето и образованието за возрасни.

Министерката дополни дека со оглед на нејзиното напуштање на министерската столче во образованието, нејзиниот наследник ќе продолжи да работи на претходно зацртаните реформи.