Дескоска: Изборот на ДИК не треба да се условува со други закони или пакети
- Изборот на новиот состав на ДИК не треба да зависи од никакви други пакети и други закони, бидејќи ненавреметото формирање на Комисијата може да предизвика проблеми во организирањето на референдумот.
- Јас не сум дел од преговарачкиот процес и не можам да тврдам реално што е условот на опозицијата, но изборот на ДИК не смее да биде ставан во пакет со никакви амнестии, со никакви услови за технички, пржински или било какви влади, бидејќи нам ни требаат институции кои функционираат особено во најава на престојниот референдум, рече министерката Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на денешната тркалезна маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“.
Секое доцнење со формирање на Комисијата, додаде, може да значи и недоволна подготвеност новоизбраните членови да ги спроведат сите активности што се неопходни.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците