Македонија
27. August 2019 - 12:46

Дескоска: Ако немаме 80 пратеници за закон за обвинителство ќе го менуваме законот за совет на обвинители

Доколку не се обебеди 2/3 мнозинство за законот за обвинителство, власта решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на заканот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас. Планот Б на владата го откри министерката за правда Рената Дескоска. Според неа, во законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Дескоска ги отфри барањата за нејзина оставка од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека на опозицијата не и се допаѓа што таа работи со лични и прартиски интереси.

Претходно министерката на собраниската седница ги повика сите пратеници да дадат подршка за законот за обвинителство кој од денеска е во собраниска процедура. Без подршка на ВМРО-ДПМНЕ, со 57 гласа “за“ парламентот ја утврди потребата за носење на законот по скратена постапка. Комисиската расправа според плановите на власта е да се види во четврток и петок.

 

Катерина Нешкова