Loading Video...
Кошарка
17. December 2018 - 13:17

Десетти пораз за Металург во СЕХА лигата

 
 
Ракометарите на Металург го претрпеа и десетиот пораз во регионалната СЕХА лига. 
 
Тие на гостувањето во Нашице загубија од Нексе со 26-23 (12-10).
 
Хрватскиот вицепрвак до триумфот дојде во второто полувреме кога успеа да го скрши отпорот на металурзите и резултатски да се одлепи. 
 
Јелиниќ со пет и Шипиќ со четири гола беа најдобрите поединци кај победникот, додека јам Металург Рибеиро постигна пет гола, а Токиќ четири гола. 
 
Нексе со овој триумф останува во игра за едно од првите четири позиции кои носат пласман на завршниот фајнал-фор турнир, на кој се очекува да играат и Вардар, Татран Прешов и ППД Загреб.
 
Металург последниот меч за 2018 година ќе го игра веќе утре во Босна и Херцеговина, каде му гостува на Извиѓач.