Кошарка
16. May 2021 - 20:18

Десетта куп титула за МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа со 77-69 против големиот ривал Работнички во финалето на националниот куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ и со тоа по 10-ти пат триумфираа во ова натпреарување. 

Уште од самиот почеток металците започнаа доста борбено и направија решавачка предност од 26-12 што на крајот им донесе радост. 

 
Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 19 поени, тој беше прогласен и за МВП, Крстевски постигна 16, Гравет и Олуџоби по 13. Кај Работнички најдобар беше Аска со 20 поени, Питс постигна 13.
 
Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат веќе во среда кога се играат првите четвртфинални средби од плејофот.