Македонија
13. December 2016 - 0:40

Десетта јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

Македонија вечерва ја прославува 10-тата јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Откако и ДИК ја потврди победата, која се случи по двегодишна тешка криза, граѓани, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ победата ја прославуваат на плоштадите во сите градови во државата.

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5_%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b8_%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0__6_-520x377Победи ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, победи и Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучителен тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има посебна тежина и важност, особено ако се погледне низ што се минавме минатите 2,5 години и како партија и како држава, оцени вчера Груевски.

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5_%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b8_%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0__1_-2-520x422Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и програмата, визијата, тим и начинот на кој што ВМРО-ДПМНЕ работи и сака да продолжи да работи. Ќе работиме оваа подршка да ја што ВМРО-ДПМНЕ оправдаме и да не ги изневериме, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заблагодарувајќи се на сите гласачите, како и на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на сите партии во коалицијата.

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5_%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b8_%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0__14_-520x354-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие денови и недели- оцени Груевски, кој најави процес на формирање коалиции и влада.

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5_%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b8_%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0__15_-520x380ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија  секогаш ќе бидат со народот со граѓаните и ќе работат во корист на државните и националните интереси, нагласи Груевски.

%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5_%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b8_%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0__10_-520x780-Како и да се свртат работите, што и да се случува, ова го кажуваме и пред, а сакам да го кажам и после изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и национални интереси и во корист на граѓаните на Република Македонија- порача Груевски.