-->
-->
Десетмина загинати при железничка несреќа во Турција
-->
Десет лица загинаа, а над 70 се повредени денеска кога пет вагони од патнички воз излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.
Гувернерот на Такирдаг, Мехмет Џејлан информира дека во возот имало 350 патници.
На местото на несреќата пристигнале поголем број амбулантни и противпожарни возила.
Според Анадолија, возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото Сарилир.
Причините за несреќата засега официјално не се соопштени, но според телевизјата Си-Ен-Ен Турк, таа била предизвикана при уривање на мост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата