Свет
4. October 2015 - 15:45

Десетмина уапсени поради регрутирање на џихадисти во Шпанија

Мадрид, 4 октомври 2015 (МИА) - Во заедничка акција на шпанската и мароканската полиција се уапсени 10 лица, кои се осомничени за регрутација на борци за џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Шпанија.

Како што соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи, четворици од осомничени, двајца мажи и две жени, се уапсени во градовите Бадалона, Толедо и Валенсија во Шпанија, а останатите шестмина се лишени од слобода во Мароко.  

Двете жени уапсени во Шпанија се Мароканки, едниот маж е шпански државјанин со мароканско потекло, а вториот е Португалец, кој преминал во ислам.

Сите упсени се товарат за регрутирање на борци на ИД за боиштата во Сирија и Ирак.