Македонија
18. August 2017 - 19:25

Десетина лица затруени во болница - затворена најпознатата скопска сендвичара

Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичара "Седмица" лоцирана во Карпош, инфпрмираат од миностерството за здравство

- До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува; 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември" во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти." велат од Министердтвото за здравство.

Извршена е вонредна контрола и земени се брисеви од вработените и работните средини како и мостри храна.

Наложена е вонредна дезинфекција а објектот е времено затворен.