Балкан
19. July 2017 - 9:38

Десетина лица повредени во пожар во фабрика во Белград

Шест пожарникари и неколку работници се повредени во пожарот што изби во фабриката „Авала картонка“ во Белград.

Огнот е ставен под контрола откако интервенираа 28 пожарникари со девет пожарникарски возила. 

На терен се испратени и шест лекарски екипи.