Македонија
4. August 2021 - 17:13

Десетина активни пожари - каде гори во Македонија?

Девет активни пожари има во моментов на територијата на државата. Според информациите на Центарот за управување со кризи, гори во кумановско, штипско, струмичко, битолско..

Во справување со огнената стихија во атарот на селото Дренак во општина Старо Нагоричане, интервенираат четири хелокоптери, а во локализирањето, освен пожарникарите работат и 30-тина војници на македонската и српската армија.

Огромен пожар кој пустоши борова шума беснее и меѓу Делчево и Пехчево. Таму гори веќе два дена, а до сега е опожарена површина од над 350 хектари.

Во пехчевскиот регион е активен уште еден пожар, односно кај месноста викана Бајаз Тепе, каде според ЦУК, зафатена е борова и дабова шума. Таму во гасењето учествуваат пожарникари од Берово, Дирекцијата за заштита и спасување, но и локално население.

Површина од 800 хектари до сега е опожарена и во валандовско од пожарот кој е активен веќе трет ден. Во справување со огнот учествува армијата, вработени од шумските претпријатија, пожарникари од валандово, неготино, гевгелија..

Според центарот за управување со кризи, голем пожар е активен и во атарот на селото Коњух кај Кратово и неговот гаснење е отежаното поради непристапниот терен за возила, но од ЦУК уверуваат дека не се загрозени куќите во селото.

Локализиран но се уште активен е пожарот кај село Девич во Македонски брод кој избувнал од плевна но продолжил да се шири кон непристапен терен. Во неговото гасење учествува противпожарна бригада и армијата.

Активен пожар има и во прилепско Ракле каде од утринава во гасењето биле вклучени пожарникари, а на готовс била и армијата.