Свет
3. February 2016 - 8:28

Десетици згради оштетени од торнадо во Мисисипи и Алабама

Десетици згради, меѓу кои и станбени објекти се уништени при преминување на торнадо во источниот дел на амриканската сојузна држава Мисисипи и на западниот дел на државата Алабама.

На шест места во тие области на двете држави минало торнадо. Засега нема информации за евентуални жртви. Меѓу оштетените згради има училишта, цркви и еден затвор.

Властите вршат проценка на причинетата материјална штета.