Балкан
13. December 2016 - 15:18

Десетици летови од Истанбул беа откажани поради лошите временски услови

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажа десетици летови од меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул поради лошите временски услови. 

Засега се откажани најмалку 20 летови. 

Се предвидува дека и утре ќе бидат анулирани еден дел од летовите. 

Поради лошите временски услови запрено е и движењето на автобусите во некои реони. 

Синоптичарите прогнозираат дека ноќеска, најдоцна утре ќе завее снег, поради што големите општини ги мобилизираа екипите за справување со зимски услови.