Балкан
30. December 2018 - 9:00

Десетици илјади Срби протестираа во Белград против Вучиќ

Десетици илјади Срби се собраа синоќа четврти пат по ред  на протест во Белград против српскиот шеф на државата Александар Вучиќ, објави БНР.

Протестите се одвиваат под мотото “Еден од пет милиони”, откако уште по првата демонстрација Вучиќ изјави дека пет милиони луѓе да излезат на протест, нема да исполни ниту едно барање на опозициските лидери , кои според него, се дискредитирани.

Поддржувачите на опозицискиот блок од 30 партии и организации , наречен “Алијанса за Србија”, го дефинираат Вучиќ како автократ, а неговата Српска конзервативна партија како корумпирана.

Вчера во интервју за локалната телевизија “Студио Б” српскиот претседател изјави дека не се плаши од протестите и дека тие се демократско право, под услов да не дојде до проблеми.

   Во протестната процесија, исто така, е и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ , кој ги поддржува демонстрантите:

“Луѓето денес се на улица, бидејќи им е преку глава од неправдата, корупцијата, насилството и уценувањето. Денес во Србија не можеш да се бориш со овие работи преку институциите, бидејќи тие речиси се откажаа од  работа. Затоа денес се собравме толку многу луѓе тука. ” – коментираше Јеремиќ.