Македонија
3. August 2018 - 13:12

Десетгодишниот Ване Бошев го искачи врвот Мормулада во Италија

Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

- За овој подвиг тој интензивно се подготвуваше на македонските планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините, но и ризиците на планините, изјави денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.

Експедицијата броела 12 планинари, пет од Македонија и седум од Србија.

Младиот неготинец планинари од неполни три години. Досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство и многу признанија.