Свет
4. November 2015 - 11:48

Десет загинати при пад на авион во Јужен Судан

Најмалку 10 лица загинаа денеска при пад на транспортен авион во близина на аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан.

Локална радио станица јави дека авионот се урнал на околу 800 метри од аеродромот во Џуба, веднаш по полетувањето. 

Во авионот имало 12 патници и членови на екипажот, од кои петмина Руси. 

Локалните медиуми пренесуваат дека само две лица го преживале падот, од кои едното е дете. 

Причините за падот на авионот засега не се познати.