Свет
3. April 2017 - 16:34

Десет загинати при експлозија во Санкт Петербург

Според првичните информации во експлозијата што се случи на метро станица во Санкт Петербург најмалку десет лица загинаа.

Руските медиуми јавија дека во тек е евакуација од тунелот. Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од неидентификуван апарт што се наоѓал во еден од вагоните.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за се е информиран претседателот на Русија, Владимир Путин.