Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште
Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок - Тетово кај селото Долно Палчиште, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) од Боговиње и Мицубиши Пајеро што го управувал Н.А.(36).
Во сообраќајката возачот на Пајерото Н.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница како итен случај бил префрлен на скопските клиники.
Возачот на Фордот З.М. и уште осум патници што се превезувале во комбето се здобиле со полесни повреди.
Увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на поединостите, причините и материјалната штета во оваа собраќајна несреќа.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари